Македонија
20. September 2023 - 16:32
Заштитните маски повторно задолжителни во здравствени установи
Се враќа задолжителното носење маски во здравствените установи, во аптеките е по сопствена желба, а за јавниот превоз и старските домови нема ваква препорака. Ова е заклучокот од денешниот состанок на Комисијата за заразни болести поради зголемениот број заразени со коронавирус.
- Тоа е со цел да се минимизира можноста за пренесување на заразата, особено онаму каде што имаме загрозени групи кои можат да бидат подложни на тешка компликација, како резултат на инфекција со Ковид-19. Не препорачуваме изолација, изјави д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на КЗБ.
Иако има зголемен број на болни од Ковид членовите на Комисијата заклучиле дека засега епидемиолошката состојба е стабилна. Имало доволно вакцини и лекови. На инфективна хоспитализирани се 7 пациенти, сите повозрасни и со коморбидитети. Новите подваријанти на омикрон се уште не се лабораториски потврдени во земјава.
- Поради малиот број тестирања не може лесно да се собере материјалот кој треба да се обработи, рече Мехмедовиќ.
Вчера препорака задолжителното носење маски во болниците го врати и Србија.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
-->
-->