Македонија
13. јуни 2024 - 16:47

Засега ДУИ и СДСМ настрана од измените на Законот за локална самоуправа

СДСМ и ДУИ засега без отворена поддршка за измените на Законот за локална самоуправа да нема предвремени избори во општините чии градоначалници ќе заминат на друга јавна функција. За измените е потребно двотретинско мнозинство и Бадентер, што значи дека ќе бидат потребни и гласови од опозицијата. 

Предлагач на законот е коалицијата Вреди, но поддршка даваат и од ВМРО-ДПМНЕ. Од албанската коалиција велат дека предлогот во Собрание ќе биде поднесен најдоцна до понеделник, за да може да биде донесен и пред изборот на Владата на Мицкоски имајќи пред вид дека некои од планираните министри се актулени градоначалници. 

Блерим Беџети, координаторот на Европскиот фронт на ДУИ вели дека ставот за ваквото решние ќе го градат допрва. Но, токму Беџети ја напушти градоначланичката функција во Сарај за да стане пратеник. Засега општината ја води в.д. градоначланик – Иљас Весели од редот на советниците. Но, тој може да остане на оваа функција само 6 месеци. Ако нема законски измени во Сарај ќе треба да се организираат нови локални избори, иако до редовните има само година ипол.

Слично на ДУИ, одговараат и од СДСМ.

„Откако ќе стигне предлогот ќе го разгледаме и на координација ќе одлучиме како ќе гласаме“, велат од пратеничката група на СДСМ.

 Новото законско решене предвидува в.д градоначалниците да може да ги водат општините се до одржувањето на локалните избори насен идната година, под услов да истекот повеќе од половина од градоначалничкиот мандат.

Додека се чека првиот тест на Бадентеровото мнозинство на новата власт, Собрнаието денеска утврди дека Гаши може да добие најмногу 5 заменици на спикерскотот место. За тројца веќе е договорен избор – еден од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за каде се споменува координаторот Мицевски, еден од редовите на ЗНАМ – за каде се најавува Весна Бендевска и еден од редовите на опозициската СДСМ – каде веројатно ќе седне Јован Митрески.