Македонија
29. February 2016 - 14:09

Заради јахтата на која уживаше Шекеринска, не се урива дивиот хангар?

Продолжува скандалот со јахтата на која изминатото лето уживаше заменик-претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска.  Иако пред две години требаше да бидат урнати, хангарите во складиштето на компанијата во стечај „Пелагонија“, се уште зјаат празни и напуштени. Поради денационализацијата од 2015 година, овие магацини се на списокот за уривање. Барањето за вклупување на овие парцели во деталниот урбанистички план на општината кисела вода е одбиено уште во август 2014та, објави денеска телевизија НОВА.
 
Телевизија НОВА дојде до документи на кои се потврдува дека складиштата требало да се урнат. Иако уште на почетокот на годината, било побарано од полицијата да асистира во уривањето, МВР не обезбедило присуство. Наместо да одговори на повикот, министерството за внатрешни работи водено од Оливер Спасовски го игнорирало барањето.
 
Токму во овие хангари, како што објави ТВ НОВА се чува јахтата Ада, која наликува на онаа на која потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, со семејството уживаше на грчките плажи.
 
Хангарите во кои беа сместени јахтите  во скопската населба Кисела Вода на булеварот „Борис Трајковски“ се во сопственост на „Пелагонија“. Газда на оваа фирма е семејството Пановски, со чија ќерка во исклучително блиски релации е токму радмила Шекеринска.
 
Деновиве телевизија НОВА дојде до снимки на кои се гледа дека фамозната, наводно изнајмена грчка јахта всушност цело време по завршувањето на летото била и се чувала во Скопје.
 
Какви тајни крие складиштето и дали ова се правело намерно за да се остави простор да се дислоцира јахтата?  Ова прашање дотолку повеќе е важно поради фактот дека екипа на ТВ НОВА ноќта беше сведок на конспиративното дислоцирање на јахтата, заедно со уште неколку луксузни возила од хангарите, на непозната локација.
 
Минатата година излегоа информации и  фотографии за луксузното летување на Радмила Шекеринска која во Грција летувала на луксузна јахта која пловела под грчко знаме. Тогаш медиумите објавија и фотографии на кои се гледа како Шекеринска и семејството уживаат на јахтата. Таа децидно не демантираше дека јахтата е нејзина, иако потпретседателката на СДСМ во анкетниот лист нема наведено дека има јахта..
 
Се поставува прашањето дали ова се правело намерно за да се остави простор јахтата да се дислоцира безбедно и далеку од очите на јавноста? ТВ НОВА, како што објави во прилогот, проолжува да ја истражува приказната и да бара одговор- какви тајни крие складишето во скопска Кисела Вода и зошто Оливер Спасовски не одговорил на повикот на општината Кисела Вода за уривање на хангарите кои ги нема во изменетиот детален урбанистички план.
 
Општина Кисела Вода: Поднесено е барање до МВР за асистенција за рушењето на постојните хангари
 
Деталниот урбанистички план за реон Ј, четврт Ј13 е изработен согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, Правилникот за поблиска содржина, размер и начин на графичка обработка на урбанистички планови, Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање и Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 година, велат од општина Кисела Вода во одговорот на прашањето дали се донесени ДУП-овите за земјиштето на улица  Борис Трајковски, на кое се наоѓаат хангарите на фирмата Пелагонија.
 
-Истиот треба да овозможи уредување на просторот и унапредување на урбаната структура, економска и стопанска атрактивност кои ќе донесат развој на овој дел од градот кој досега беше запуштен и секако,  подобри услови за сите граѓани кои живеат тука. За бесправно изградените објекти на фирмата Пелагонија е поднесено барање за легализација кое е одбиено од причина што објектите кои имаат намена Г (производство, дистрибуција и сервиси) согласно намената пропишана со ДУП, се во зона која има намена А (Домување). Согласно Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање намената Г не е компатибилна со намената А, односно објекти со намена Г не можат да бидат вклопени во зона за која е пропишана намена А.  Исто така, објектите се наоѓаат на земјиште кое е во приватна сопственост. Од овие причини барањето за легализација е одбиено и објектите не можат да бидат вклопени во идните плански документации, велат од општина Кисела Вода.
 
Исто така, од општината побаравме и став за тоа дали поднеле барање до МВР да асистира во рушењето на овие хангари и дали добиле повратна информација.
 
-До полицијата е поднесено барање за асистенција за рушењето на постојните хангари. Нашите инспекциски служби и дополнително одговорија на повикот од службите на МВР за дополнително дообјаснување на случајот и во моментов се чека на нивниот одговор, кој согласно законот треба да пристигне овие денови, велат од општината.