Започна изградбата на нов крак на градинката „Детелинка“ во Ѓорче Петров

Градоначалникот на Ѓорче Петров Сокол Митревски и заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска го означија почетокот на градежните работи за изградба на четвртиот крак на градинката „Детелинка“.
Проектот предвидува изградба на просторија која ќе го зголеми капацитетот на градинката за нови педесетина деца, така што градинката „Детелника“ ќе располага со четири занимални со пропратни простории, тоалети и ходници со вкупен капацитет од 120 деца.
Заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов рече дека новиот објект ќе згрижи 50 деца и се очекува да биде завршен до крајот на месец април 2016 година, додавајќи дека во завршна фаза веќе се градежните активности на објект за 150 деца во населбата Дексион, како и дека во план е адаптација на уште еден трет објект во општината, што во голема мера ќе го подобрат животот на граѓаните од оваа општина.
- Како Влада во 2016 година планираме да отпочнеме со изградба и опремување на 20 градинки во 20 општини со голем фокус на Скопје со цел да влијаеме на намалување на листите на чекање и создавање на повеќе капацитети за децата и поквалитетни услови за дечињата, истакна Спасов.
Градоначалникот на Ѓорче Петров Сокол Митревски истакна дека сите капацитети што се во фаза на изградба се заеднички плод на ресорното министерство и локалната самоуправа, со цел подобрување на вкупната состојба во општината за згрижување на најмалата и најдрагата популација.
- Минатата година пуштивме нова градинка во населбата Даме Груев за згрижување на повеќе од 150 деца, а денешното проширување на градинката „Детелинка“ ќе го зголеми капацитет за 50 деца, за потребите на жителите од месната заедница Мирче Ацев и пошироко, истакна Митревски.
Проектот чини околу пет милиони денари, средства обезбедени преку Проект за подобрување на општинските услуги финансиран со заем од светската банка. Изведувач на градежните работи е компанијата „Алдинг-Инженеринг“ од Скопје која е избрана по спроведување на тендер воден по правилата на Светската банка.
Ново на Сител
-

Савески: Одлуката за отповикување на овластувањата на обвинителката Ристоска не беше персонална, туку е од организациска природа
-

МФ: Извршен поврат на солидарен данок од 1,219 милијарди денари кон 119 компании
-

Мицкоски: Со 400 кV далновод од ТС „Битола 2” првпат стануваме целосно поврзани со сите соседни електроенергетски системи
-

АРМ објави оглас за 300 нови војници
-

Првата пешадиска бригада го одбележува Денот на единицата
-

Случај Ивана и Катја: Наставничката сведочеше за семејното насилство и за последниот училишен ден на девојчето
-

До сабота облачно со дожд, од недела сончево и потопло
-

Ленче Ристоска поднесе оставка од обвинителската функција
