Запленети 38 килограми хероин во Драч, во Бриндизи над 500 килограми марихуана
Во две одделени акции албанската и италијанската полиција заплениле 38 килограми хероин, кој од Албанија требало да стигне во Италија и над 500 килограми марихуана,која веќе стигнала во оваа земја.
Во пристанишниот град Драч, на втората контролна линија, албанската полиција запленила 38 килограми хероин. Дрогата била пакувана во 68 пакетчиња, скриена под седиштата во камион кој требало со траект да замине за Бари, Италија.
Таа требало да заврши на италијанскиот нарко пазар, а според првичните проценки достигнува вредност од милион евра. Упасен е Д.З.(49) жител на Тирана.
Италијанската полиција пак во Бриндизи запленила 546 килограми марихуана и 17 килограми хашиш, што со моторен чамец од албанскиот брег ја транпортирал 31-годишен албански државјанин. Вредноста на дрогата се проценува на пет милиони евра.
Ново на Сител
-
Амбер Алерт: Кои чекори треба да ги преземете ако вашето дете исчезне?
-
КСЗД го презентираше извештајот за минатата година
-
Две лица осомничени за поткуп – се чека притвор за врховниот судија
-
Почнува процесот на прегласување за парламентарните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим