Запленети 16 и пол тони цигари и 13 тони тутун
Царина запленила 16 и пол тони цигари и 13 тони тутун. Цигарите биле запленети на Табановце на влез од Србија, а тутунот на Богородица од Грција.
На граничниот премин Табановце на 28.5 годинава при контрола товарно возило утврдено е дека внатре има 1.000 пакети со нелегални цигари. Во секој пакет имало спакувано по 50 штеки или вкупно 10 милиони парчиња цигари.
На истиот премин на 24.5 годинава откриено е и комбе со 102 пакети со цигари, или 1 милион цигари.
Станува збор за кинески цигари од марката "Ашима лакшри сајз" и "Марбл де лукс".
На 16.6 на Богородица во товарно возило пронајдени се 130 пакети со 13.000 кг тежина. Пријавено било дека се пренесува хартија за виткање тутун, но при проверка утврдено е дека е натоварено со тутун во лист.
Против сторителите поднесени се соодветни кривични пријави. За вакво ктивично дело предвидена е затворска казна од 1 до 10 години.
Доколку тутунот и цигарите завршиле на македонскиот пазар, буџетот би бил оштетен за 1 милион евра, бидејки станува збор за акцизна стока.
Даниел Василев
Ново на Сител
-
Утре нова размена на речиси 500 воени заробеници меѓу Русија и Украина
-
Изгоре автомобил во струмичкото село Банско
-
Ангелов очекува по локалните избори да профункционира институцијата која ќе ги обедини ЦУК и ДЗС
-
На Табановце се чека до половина час, а на Дојран и Богородица до 15 минути
-
До 10 илјади евра казна за непочитување на обврската за објавување на цените на веб страниците
-
Најмалку 17 лица загинаа по израелски напад во Газа
-
РТС поднесе крвична пријава поради блокада на нивни објекти
-
Во американските воздушни напади на пристаништето во Јемен загинале 74 лица