Македонија
26. March 2017 - 15:09

Запленети 10 килограми тревкаста материја

Околу 10 килограми тревкаста материја вчера била запленета на граничниот премин „Табановце.

Како што соопшти МВР, околу 8 часот при преглед на автобус „МАН“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Д.Ј. (42) од село Равен, гостиварско,  мобилен тим на Царинската управа во патна торба пронашол 10 полиетиленски пакувања сомнителна тревкаста материја со вкупна тежина од околу 10 килограми.

Како втор возач на автобусот било лицето Ј.A(45) од село Алиѓерци-Прешево, Република Србија.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.