-->
-->
Заплена: Крај Струмица пронајдена дрога но не и дилери
-->

Вчера во 09.05 часот, во просторот помеѓу месноста викана „Војничка чешма“ и ГК12, на околу 50 метри во внатрешноста на територијата на Р. Македонија, во грмушка, полициски службеници од ПС за ГП и ГН-Ново Село пронашле црна платнена торба во која имало непозната растителна материја.
Бил извршен увид на местото на настанот, при што било констатирано дека во торбата имало 21 најлонско пакување со по околу килограм непозната
растителна материја.
Во 14.30 часот, со записник за предавање на пронајдени предмети, истите биле предадени на ОКП Струмица за понатамошна постапка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сиљановска - Давкова од Тирана: Посериозна препрека е билатерализацијата на интегративниот процес од самите балкански соседи
-
MEF25: Енергетската транзиција е политички, економски и генерациски предизвик
-
ФПН во Белград, по анонимна и лажна дојава за бомба: Никој да не биде во зградата на факултетот на 17 јуни
-
Г7 договори нацрт-изјава за Израел и Иран, но Трамп најверојатно нема да ја потпише
-
Муцунски: Работиме на засилување на динамиката на средби со официјална Софија
-
ЕХФ му изрече двегодишна суспензија на грчки АЕК, парична казна за Алкалоид
-
При израелски напад погодена иранската државна телевизија
-
Захарова: САД ја откажаа средбата со Русија за нормализирање на работата на дипломатските мисии