Запален автомобилот на дипломатка од италијанската амбасада во Атина
Со експлозивен материјал, веројатно молотов, во текот на ноќта во атинска населба, бил запален паркираниот автомобил на првата советничка во амбасадата на Италија во Грција Сузана Шлајн, јави дописничката на МИА од Атина.
Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Италија Антонио Тајани, кој денеска е во Атина, преку Твитер информираше за инцидентот.
-Напад врз првиот советник на италијанската амбасада во Грција. Ѝ се јавив на Сузана Шлајн за да ѝ ја изразам мојата солидарност. Денеска ќе бидам во Атина за да се сретнам со премиерот Кирјакос Мицотакис. Ќе ја посетам италијанската амбасада, напиша на Тајани на Твитер.
Засега не постојат официјални информации за потпалувањето на автомобилот, ниту пак преземање одговорност за нападот.
Според противпожарната служба на Грција во гаснењето на пожарот на автомобилот учествуваа 18 пожарникари со шест возила.
Во средата, анархисти од Грција, одржаа мал протест пред италијанската амбасада во Атина за да ја изразат нивната солидарност за италијанскиот затвореник и анархист Алфредо Коспито, кој од 20 октомври штрајкува со глад.
Ново на Сител
-
На ГП "Ќафасан" албанската полиција спречи шверц на лекови
-
Помина интерпелацијата за Даути во Собранието
-
Над девет милиони шверцувани цигари откриени на атинското пристаниште Пиреас
-
Безживотно женско тело извадено од водите на Вардар
-
Захарова: Зеленски се покажа како крволочно чудовиште
-
Кремљ: Путин е подготвен за разговори со Трамп
-
Лазаров по мечот со Хрватска: Се боревме од почеток до крај, тоа ни беше главна цел
-
Ѓоковиќ тврди дека бил отруен за време на притворањето во Австралија пред три години