Македонија
5. January 2017 - 12:46

Запален автомобилот на арачиновец во неговиот двор

Ноќеска околу 01.30 часот Д.А. пријавил дека во с.Арачиново, во дворот го забележал запалено неговото патничко моторно возило „Фолксваген Шаран“ со скопски регистарски ознаки.
 
Во пожарот возилото целосно изгорело.
 
Увид ке се врши во текот на денешниот ден.
 
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.