-->
-->
Западот го обвини Иран за кршење на ембаргото за оружје за Јемен
-->
САД, Велика Британија, Франција и Германија го обвинија Иран дека го крши ембаргото за достава на оружје во Јемен, што го воведоа ОН.
Четирите држави објавија заедничко соопштение, ден откако Русија стави вето на Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, која содржеше обвиненија на адреса на Иран за незаконски пратки со оружје за шиитските бунтовници Хути во Јемен.
Во извештај на експерти од ОН задолжени да го следат политувањето на ембаргото се наведува дека Иран не ги презел неопходните мерки за стопирање на пратките со оружје за Хутите. Техеран негира дека ги вооружува бунтовниците.
Според четирите западни држави, непочитувањето на ембаргото од страна на Иран создава опасност за стабилността во регионот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Таравари е против нови избори во Гостивар
-
Владејачките партии се соочуваат со изборниот пораз
-
Тема на денот со Крешник Бектеши, ДУИ
-
М-ТЕЛ стана партнер на Д-фестивал
-
КРКА ја презентираше мобилната апликација ФЛЕБИ
-
Вреди убедува 4 пратеници од фронтот на Ахмети за промена на страната
-
Во јавен сектор најмногу се вработувало една година по промена на власта
-
ВО ЖИВО: 4 неуспешни обиди за гласање за нов претседател на Уставниот суд