Западен Балкан што побрзо во ЕУ за стабилна и мирна Европа

Единствената реална и разумна иднина за целиот регион е европската иднина затоа што тие се дел од Европа. Се надевам дека лидерите на ЕУ ќе размислат повторно за својата одлука за да ги отворат преговорите за членство и со Албанија и со Македонија, но над се надевам и поскаувам денот кога овој цел регион ќе стане дел од ЕУ да дојде што поскоро.
Ова го порача еврокомесарот за внатрешни работи во заминување Димитрис Аврамопулос во Собранието на заедничката прес-конференција со министрите за внатрешни работи на Финска Марија Охисало и на Макеоднија Оливер Спасовски по Министерскиот состанок ЕУ – Западен Балкан.
– Јас сум тука на европска почва во регион кој што припаѓа на Европа историски, политички и културно. Единствената реална и разумна иднина за целиот регион е европската иднина затоа што тие се дел од Европа. До колегите во ЕУ кои се двоумат или кои се плашат околу овој процес ги предупредувам дека тие треба повеќе да се плашат од спротивниот исход, од тоа дека ќе ги отурнат нашите најблиски партнери. Во инетерс е на цела Европа овој историски чувствителен регион да стане во блиска иднина парадигма на соработка, мир, стабилност, напредок и развој. И ова треба да остане стратешки политички приоритет на ЕУ. Се надевам дека лидерите на ЕУ ќе преразмилсат за својката одлука за да ги отворат преговорите за членство и со Албанија и со Македонија. Меѓутоа над се надевам и поскаувам денот кога овој цел регион ќе стане дел од ЕУ да дојде што поскоро, порача еврокомесарот Аврамопулос.
Марија Охисало, министерката за внатрешни работи на Финска под чие покровителство во својство на земја претседавач со ЕУ се одржа Министерскиот форум во Скопје, истакна дека Хелсинки има јасна политика дека проширувањето на ЕУ е алатка за промовирање на стабилност, мир и добрососотојба на Европа, а иднината на земјите од Западен Балкан е во ЕУ.
– Сепак, сите критериуми за членство мора да се исполнат особено реформите во сферата на владеењето на праваото кои се од особено важност. Сакаме да видиме повеќе напредок во слободата на медиумите, борбата против корупцијата и организираниот криминал. Голем напредок во овие сфери веќе е постигнат очигледно. Нашата финска нациопнална позиција е јасна – ние поддржуваме отворање на преговорите за членство на обете земји и го цениме конструктивниот пристап на двете земји, рече министерката Охисало.
Заклучокот од состанокот е дека илегалната миграција, безбедноста на границите, насилната радикализација и организираниот криминал се сфери каде сите мора да работат заедно. За Финското претседателство јакнењето на заедничките вредности, владеењето на правото и заштитата на безбедноста на граѓаните сеопфатно е од клучна важност и оти мора уште повеќе да се зајакнат партнерствата ЕУ – Западен Балкан.
Ново на Сител
-

Јаневска ќе се обрати на 77-годишнината од основање на Градежниот факултет
-

Утрото ведро и студено, а преку ден сончево и топло
-

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на здружението „До бебе по патот на ин витро“
-

Акција „Чистач“: Уапсени 5.628 лица, 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговија со дрога и прекуграничниот криминал
-

Стопанската комора предлага 13 неработни денови и укинување на префрлањето на празниците што паѓаат во недела
-

Мицкоски: Остануваме држава со најниска цена на дизел горивото и на безоловниот бензин
-

Мицкоски: Оваа Влада ги завршува проектите што биле закочени со децении, а ако опозицијата иницира предвремени избори, ќе дадеме соодветен одговор
-

Онкологија: Вештак на одбраната тврди дозирањето и третманот на онколошки пациенти е согласно европски протоколи, Обвинителството ги оспорува заклучоците
