Заоралек: Во потрагата за Чесите во Либан ни помагаат странски разузнавачки служби

Чешката Република соработува со одреден број на странски тајни служби, во обид да се најдат петмината Чеси, кои неодамна исчезнаа во Либан, изјави чешкиот министер за надворешни работи Лубомир Заоралек.
Како што јави дописникот на МИА од Прага, Заоралек подвлече дека во оваа конкретна ситуација главен партнер на политичко и разузнавачко ниво останува Либан.
Заоралек оцени дека Чешка редовно соработува со голем број разузнавачки служби и денеска на состанокот со своите колеги во Брисел каде што ќе присуствува, не мора да преговара за соработка.
Во саботата во долината Бека во источен Либан, тамошната полиција соопшти дека исчезнале петмина чешки граѓани и нивниот таксист, локален жител.
Според медиумите, би можело да се работи за киднапирање во врска со приведувањето на Либанецот Али Фајад , кој со уште двајца жители на Брегот на Слоновата коска во Чешка чекаат екстрадиција за Соединетите американски држави поради обвинение за нелегална трговија со оружје и соработка со терористи.
Дел од медиумите јавувија дека либанскиот таксист Таан, кој исчезна со Чесите, е брат на Али Фајад.
На тројцата притворени, кои го отфрлаат обвинението, им се заканува доживотна казна затвор.
Ново на Сител
-

СП 2026: За два натпревара – 30.000 евра
-

Од понеделник променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд
-

Иран повторно ја затвори Ормуската Теснина
-

Еден пожарникар повреден при гаснење пожар во Визбегово
-

Уапсен 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега
-

Граната од Првата светска војна пронајдена во Новаци
-

Спор меѓу Вашингтон и Рим по изјавата на Трамп дека Мелони го „молела“ заедно да се сликаат
-

Приведен 67-годишник од Штип, пробал со сила да бакне 16-годишна девојка
