Македонија
4. October 2023 - 16:51

Законот за игри на среќа поднесен со европско знаменце

И Законот за игри на среќа ќе се носи со европско знаменце. Од ВМРО-ДПМНЕ обивнуваат дека вицепремиерот Груби, кој изминатата година има потпишано 4 одлуки за интернет и видео лотарии, сега брза да се донесе закон со кој ќе се прикријат незаконитостите.   

- Во изминативе година дена потпишани се четири одлуки, незаконски, од страна на вицепремиерот Артан Груби, три за онлајн лотарии и една за видеолотарија. Сите овие одлуки се надвор од законот и затоа е ова брзање да се донесе нов закон, измени на Законот за игри на среќа за да се покријат незаконитостите коишто ги има направено Артан Груби за носење на одлуки и давање на лиценци на фирми во коишто во Управните и Надзорните одбори членуваат луѓе од кабинетот вицепремиерот Груби – рече Милошоски.

Опозицијата денеска спречи овој закон да се најде на седница на собраниската Комисија за европски прашња. Претседателот на комисијата Арбер Адеми вели законот е од јавен интерес бидејќи ќе забрани отворање на казина во близина на училишта, но не кажа ниту збор за обвинувањата дека законот е бизинис интерес на неговиот сопартиец Груби.

Остра реакција пристигна и од асоцијацијата на спортски обложувалници кои најавуваат масовни протести ако пратениците го донесат Законот за игри на среќа.

- Со овој предлог закон Владата врши упад во бизнисот со игрите на среќа свесно ставајќи клуч на врата на една легална индустрија, која во буџетот годишно носи прилив од 280 милиони евра. Целото ова смислено сценарио на Владата оди во една јасна насока, а тоа е дека станува збор за договорено сценарио со цел да се нанесе силен удар на домашните приредувачи на игри на среќа и да се отвори пазарот за странски однапред договорени компании, регагираат од Асоцијацијата на спортски обожувалници (АСОМ)

Од Државна лотарија пак, вчера преку соопштение објаснија дека во тек е транспарентна и законска постапка за избор на фирми кои ќе добијат договор за заедничко вложување во интернет игрите за среќа во кои тие ќе имаат доминантно учество. 

На овој начин појаснуваат дека Државна лотарија ќе ја превземе контролата над интернет игрите на среќа за да ги заштити граѓаните од некотролирано играње на странски платформи и наместо одлив во странство, приходите да одат во македонскиот буџет.