Законите што не ги потпиша Иванов денеска повторно пред пратениците
– Законите кои претседателот Ѓорге Иванов одби да ги потпише и ги врати во Собранието, меѓу кои и за заштита од дискриминација, за ОТА и електронски комуникации, денеска повторно треба да се најдат пред пратениците.
Се очекува овие закони откако повторно ќе бидат изгласани во Собранието, да бидат објавени во Службен весник.
Владејачките СДСМ и ДУИ вчера го обвинија Иванов дека со блокирањето на законите е кочничар на реформите и националните инетереси, и оти и во последните денови од мандатот останува доследен во своето делување спротивно на интересите на граѓаните и државата.
Кабинетот на Иванов, пак, одговори дека никој не го спречува Собранието да го повтори, како што се наведува, „веќе направениот преседан и на незаконски начин, без потпис од претседателот на државата во Службен весник да објави укази за прогласување на закони донесени од Парламентот“.
Претседателот Иванов не ги потпишува законите од 11 јануари, кога во Собранието беа усвоени уставните измени за промена на името на државата во Република Северна Македонија.
Ново на Сител
-
Мицкоски најави нов ветропарк меѓу Карбинци, Штип и Радовиш за производство на електрична енергија
-
Курти: Немаме проблеми со Србите, туку со Србија
-
Словенија изгласа референдум за употреба на марихуана за лична потреба
-
Под закана со нож ја силувал поранешната сопруга во Куманово
-
25 годишен кумановец ја силувал поранешната сопруга и објавувал експлицитни фотографии на интернет
-
Приведени разбојници во Радовиш, се обиделе да украдат пари од Црква
-
УХМР: Се очекува летово да биде сушно и натпросечно топло
-
ХЗЗ: Најмал број невработени во историјата на Хрватска