Законите што не ги потпиша Иванов денеска повторно пред пратениците
– Законите кои претседателот Ѓорге Иванов одби да ги потпише и ги врати во Собранието, меѓу кои и за заштита од дискриминација, за ОТА и електронски комуникации, денеска повторно треба да се најдат пред пратениците.
Се очекува овие закони откако повторно ќе бидат изгласани во Собранието, да бидат објавени во Службен весник.
Владејачките СДСМ и ДУИ вчера го обвинија Иванов дека со блокирањето на законите е кочничар на реформите и националните инетереси, и оти и во последните денови од мандатот останува доследен во своето делување спротивно на интересите на граѓаните и државата.
Кабинетот на Иванов, пак, одговори дека никој не го спречува Собранието да го повтори, како што се наведува, „веќе направениот преседан и на незаконски начин, без потпис од претседателот на државата во Службен весник да објави укази за прогласување на закони донесени од Парламентот“.
Претседателот Иванов не ги потпишува законите од 11 јануари, кога во Собранието беа усвоени уставните измени за промена на името на државата во Република Северна Македонија.
Ново на Сител
-
Единаесет грански синдикати во КСС нема да протестираат по повод Меѓународниот ден на трудот
-
Девојче со тешки телесни повреди пренесено во прилепската болница
-
Вметнувани страници во пасош, приведен швеѓанин на Табановце
-
Санкционирани 131 возач во Скопје
-
Приведено лице во Стојаково, полицијата нашла марихуана во неговиот дом
-
Земјотрес од 4,3 степени според Рихтер во централна Хрватска
-
Првомајска честитка од претседателот на СПМ Љупчо Димовски
-
Пендаровски: Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава