Захарова: Западот се обидува да ја вовлече Македонија во НАТО
Западот, како и досега, се обидува да ја вовлече Македонија во НАТО, дури и по референдумот за промена на името, изјави портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на редовниот неделен брифинг во Москва.
Како што пренесува ТАСС, Захарова изјави дека „очигледната цел на западните земји е по секоја цена да ја внесат Македонија во НАТО“.
Реакцијата на Захарова следи по вчерашната изјава на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, дека Алијансата ќе ја прими Македонија во своите редови на почетокот на 2019, што според неа е недозволено, бидејќи „првата одлука треба да ја направат парламентите на Македонија и Грција“.
Позицијата на Русија, рече Захарова, останува принципиелна и непроменета-долгорочно решение за проблемот може да најдат самите земји, без мешање и притисоци однадвор, бидејќи се покажа дека тоа не функционира.
- Ако зборуваме за немешање во внатрешните работи, тогаш не смееме да агитираме „за“ и „против“, доколку зборуваме за референдуми. Ако зборуваме за немешање во внатрешните работи и почитување на законот, вклучувајќи ги и меѓународните, тогаш првиот човек на еден блок од држави не смее да говори за одлука што треба да ја донесе парламентот на една земја, изјави портпаролот на руското Министерство за надворешни работи.
Или, додаде, треба да признаеме дека еднаш тоа може да се случи и тогаш ќе се појави нов светски поредок.
Таа, исто така, кажа дека е изненадена од наодите на комисијата на ОБСЕ, што го следеа одржувањето на референдум во Македонија, пренесе Спутник.
-Големата пропагандна кампања на Западот се претставува на позитивен начин. Тоа не е само нормално, тоа е, исто така, и плус. Што ќе се случеше доколку Москва ги повикаше Македонците да гласаат? Тоа веднаш ќе се сфатеше како мешање во внатрешни работи. Ова не се само двојни стандарди, туку злоупотреба на социјални правила и норми, додаде Захарова.
Ново на Сител
-
Орбан: Трговскиот договор меѓу ЕУ и САД е полош од оној со Британија
-
Де Вевер: Нема причина за славење поради трговскиот договор ЕУ-САД
-
Во Стокхолм ќе се одржи нов круг разговори меѓу САД и Кина за трговскиот спор околу царините
-
Стармер ќе разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа и тарифите за британскиот челик
-
Италија победник на Лигата на нации во одбојка за жени
-
Отпечаток од рака стар 4.000 години пронајден на египетски глинен сад
-
Северна Кореја ја одбива понудата за дијалог со Јужна Кореја
-
Тројца загинати, десетици повредени во вчерашната железничка несреќа во југозападна Германија