Захарова до Трамп: Да почнеме со уништување на американското оружје
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова коментирајќи го твитот на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на трката во вооружување, истакна дека тоа е „одлична идеја“.
- Постои предлог да се почне со уништување на хемиското оружје. Американското, напиша Захарова.
Таа исто така го комениташе и првиот денешен твит на Трамп, со кој тој и порача на Русија да се подготви за „нови и паметни ракети“ во Сирија.
- Американските паметни ракети за кои зборува претседателот на САД, Доналд Трамп би можеле да ги уништат сите докази за употребата на хемиско оружје во Сирија. Паметните ракети би требало да летаат кон терористите, не кон легитимно избрана Влада, која со години се бори против тероризмот на своја територија, истакна Захарова.
Односите помеѓу САД и Русија се влошија по извештаите за хемиски напад во сирискиот град Дума, за што е обвинет режимот на Башар ал Асад, кој има поддршка од Моска.
Ново на Сител
-
И месарниците под лупа на инспекторите на АХВ
-
Четириесет и пет години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Почнува одбележувањето на Денот на Европа - 9 мај
-
Зеленски: Украина е подготвена да премине кон прекин на огнот што е можно поскоро доколку Русија преземе слични чекори
-
Најавените врнежи добредојдени за земјоделството
-
Ракометарките на Ѓорче Петров ја одбранија шампионската титула
-
Гостивар се повлекува од ПМФЛ
-
Сабаленка го освои турнирот во Мадрид