Македонија
18. August 2022 - 13:11

Загина мотоциклист откако се судри со автомобил на патот Штип - Делчево

Вчера во 19.15 часот било пријавено дека на магистралниот пат Штип – Делчево, кај место викано „Чифлички бунари“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „јамаха“, со бугарска национална ознака, управуван од С.Х.(50) од Кочани и патничко возило „опел вектра“, со кочански регистарски ознаки, управувано од С.С.(67) од Кочани, информира МВР.

МВР соопшти дека возачот на мотоциклот починал во болницата во Кочани, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош.

Увид на терен бил извршен од Јавен обвинител и екипа од ОВР Кочани.