Заев: Спорот со името ќе се реши многу брзо
Премиерот Зоран Заев денеска порача дека спорот за името меѓу Македонија и Грција ќе се реши многу брзо.
На новинарско прашање кога ќе се реализира очекуваниот телефонски разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас, Заев одговори дека ѕвонењето на телефонот можеби ќе биде од македонска страна, но точното време или датум не се знае.
- Можеби ние ќе ѕвониме спрема Атина, и се надевам дека тоа ќе биде многу брзо. Јас не би давал нови коментари освен заедничкото соопштение што беше пуштено преку Министерството за надворешни работи. Тоа кажува дека навистина сме многу блиску, но е многу важно ова да биде одржливо и трајно и да биде сто отсто безбедено за генерациите што доаѓаат и ќе го крепат ова пријателство со договорот што ќе го постигнеме. Како што гледате јас останувам оптимист иако не е лесно, чуствително е но е многу важно, рече Заев во општина Желино, каде присуствуваше по повод инвестицијата за изградба на Фабриката за рециклирање гуми.
Заев додаде дека тој би сакал телефонскиот разговор да се случи уште утре, но има период до самитот на Европскиот совет на 28 и 29 јуни, а претходно е Самитот на министри на 25 и 26 јуни, и како што кажа, тие се отприлика роковите и поради овие рокови се очекува ден поскоро спорот да биде завршен.
- Ние навистина итаме ден поскоро тоа да го направиме за да знаат и парламентите на Германија, Франција на Британија и Холандија и на сите други важни земји, кои само ќе ја охрабрат позитивната одлука која е толку очекувана за Македонија, оти од 2005 сме земја-кандидат со седум чисти безусловни препораки и конечно да добиеме датум за преговори, рече Заев.
Премиерот изрази уверување дека ако се дојде до договор за името, исто така и на Самитот на НАТО што ќе се одржи на 11 и 12 јули, ќе се испорача долго очекуваната покана за полно членство во Алијансата и ќе почне ратификацијата во парламентите на земјите-членки.
- Тоа е многу сериозно охрабрување за мене лично, а верувам и за нашите граѓани, порача премиерот Заев од тетовско Желино, на инвестицијата за изградба на Фабриката за рециклирање гуми.
Ново на Сител
-
Приведен малолетник од Скопје, со употреба на сила одзел пари од едно лице
-
Има одредени зголемувања на цените во малопродажба, во големопродажба цените се вратени како пред одлуката, вели директорот на ДПИ
-
Лос Анџелес се раздели со Оливие Жиру
-
Димитриеска-Кочоска: Проектот за пругата од Коридорот 10 е комплексен, до 7 јули банките треба да ги достават понудите
-
Приведен 41-годишен велешанец, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога
-
Умеров: Украина може да произведува четири милиони дронови годишно
-
Приведени тројца возачи, управувале со возило под дејство на алкохол
-
Од понеделник потопло со пораст на дневните температури