Македонија
26. November 2020 - 13:53

Заев: Преку глава ни е од истории кои создаваат раздор и нетрпеливост

Премиерот Заев изрази жалење за реакциите во јавноста по неговотото интервју за БГНEС.

Според него, треба да работиме на отстранување на последиците од „железната завеса“, кои сѐ уште се чувствуваат меѓу Македонија и Бугарија. „Историјата треба да нѐ учи дека можеме и поинаку, дека можеме и подобро, дека треба да соработуваме, но и меѓусебно да ги почитуваме разликите помеѓу нас. Само почитување на разликите и заедничка борба против говорот на омраза и нетолеранција во македонското и бугарското општество можеме да градиме добрососедски односи и заедничка иднина. Ако не ги признаеме слабостите на историјата, не можеме да градиме заедничка иднина. Нам ни треба историја која гради мост на пријателство меѓу народите, преку глава ни е од истории кои создаваат раздор и поттикнуваат нетрпеливост. Дајте да живееме денеска.

Време е да создаваме историја која создава иднина за младите и за идните генерации“, порача денес Заев.

Дозволете најпрво да изразам жалење што моето интервју за бугарскиот медиум предизвика толку силни негативни емоции, за...

Posted by Zoran Zaev on Thursday, November 26, 2020