Заев – Пломп: Северна Македонија напредува, се решаваат важни прашања за државата и граѓаните
Претседателот на Владата Зоран Заев се сретна со Вилем Ваутер Пломп, амбасадорот на Кралството Холандија во Република Северна Македонија, кој го завршува својот мандат во земјава.
На средбата, соопшти денеска владината прес служба, е констатирано дека нашата држава бележи сериозен напредок во последните две години, при што е нагласена улогата на премиерот Заев во позитивните процеси. Меѓу постигнувањата се посочени отвореноста за решавање важни политички прашања, како што е историскиот Преспански договор, како и во делот на почитувањето на човековите слободи и права.
– Сега сме насочени, придобивките од интеграцискиот процес во НАТО и исчекорите кон ЕУ да ги почувствуваат граѓаните како економски бенефити. Во претстојниот период ќе се посветиме на нов раст на платите и пензиите, како и поголема поддршка на инвеститорите и претпријатијата, за да придонесеме кон економскиот раст во државата, рекол премиерот Заев.
Разговарано е и за важноста и за чекорите што се преземаат за имплементација на реформите во правосудството. Како што стои во соопштението, на средбата е нагласена и значајната улога на СЈО во борбата против корупцијата. При тоа истакната е потребата за натамошна посветеност на ова прашање и во иднина.
Премиерот Заев информирал за определеноста на Владата за соработка со опозицијата за сите значајни прашања од државен интерес.
На состанокот заеднички било потврдено големото партнерство и пријателство помеѓу двете држави, кое, како што е констатирано, има голем отворен простор да продолжи да се унапредува на билатерален и економски план.
Изразена е и обострана благодарност за одличната соработка во изминатите четири години.
Претседателот на Владата, Заев изразил почит кон личните заложби на амбасадорот на Холандија Пломп и неговиот придонес на принципиелно ниво, во сите значајни општествено политички, демократски процеси и позитивни промени за нашата земја.
Ново на Сител
-
Николоски: За две и пол години од денеска ќе имаме автопат по сите прописи и стандарди
-
Најмалку 57 лица починаа во Газа од неисхранетост
-
Премиерот и лидер на австралиската централно-левичарска Лабуристичка партија прогласи победа на парламентарните избори
-
Исплатени 49 658 739 денари поддршка на 761 оризопроизводител
-
Кривична против две лица, поради обид за убиство и насилство во Кочани
-
Брнабиќ: Здравствената состојба на Вучиќ е сериозно нарушена, примен е на ВМА
-
Зеленски: Киев не може да ја „гарантира безбедноста“ на светските лидери при посета на Москва
-
Пентагон: Украина доби можност да обучува и одржува борбени авиони Ф-16