Заев: Опозицијата може и Никола Груевски да го предложи за обвинител
Ако и дадеме можност на опозицијата да предлага јавен обвинител верувам дека ќе го предложат и Никола Груевски, бидејќи се што се прави во моментов е да се блокира правдата, истакна премиерот Зоран Заев одговарајќи на прашањето поставено од пратеникот Мухамед Зекири од СДСМ, дали јавен обвинител ќе се избира по предлог на опозицијата.
-Со ваквото однесување на опозицијата со ваквите предлози за јавен обвинител не гледам дека треба да им се даде можност. Да го предложите Владимир Панчевски, човек кој буквално во цел мандат ги давал предметите на стриктно избрани судии, човек кој буквално го злоупотребувал законот и системот за распределба на предметите и ги давал на стриктно избрани судии, тое е за да нема правда во државата. Судскиот совет го утврдува тоа и ја носи санкцијата за него, рече Заев.
Премиерот притоа посочи дека власта прифатила добар дел од барањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во однос на законот за ЈО, меѓу кои се спојување на СЈО со друго обвинителство, како и неупотреба на прислушкуваните разговори како докази во случаите отворени по истекот на 18-те месеци.
-СЈО има мандат до 15 септември 2020 година и тоа ќе фунционира заради тоа што сме гарантирале иднина со тој мандат. Верувам дека онака како што очекуваат нашите граѓани, како што разговарале работните групи, па и неколкуи пати како што сме разговарале со Мицкоски ќе ги поставиме работите и конечно овој закон ќе го изгласаме, рече Заев.
Ново на Сител
-
Кардиналите во Ватикан разговараа за голем број прашања, вклучувајќи ја и сексуалната злоупотреба во црквата
-
Мерц најави дека ќе го повика Трамп сите царини да ги сведе на нула
-
Санчез: Не може дефинитивно да се потврди поради што е прекинот на електричната енергија на Иберискиот Полуостров
-
ЈО: Ги повикуваме семејствата на настраданите во пожарот во Кочани на средба со обвинителите кои работат на случајот
-
Загина 75-годишен возач во сообраќајка во Чаир
-
Престижните универзитети во САД создаваат обединет фронт против Трамп
-
Путин прогласи еднострано тридневно примирје во Украина од 8 до 10 мај
-
Кривични пријави против поранешни вработени во МВР, го оштетиле буџетот на министерството за 3.314.870 денари