Заев од Богданци: Убеден сум дека на 30 септември ќе ја утврдиме европската иднина

Целиот свет ни дава максимална поддршка и затоа сега е моментот да одлучиме дали сме дел од светот или не. Договорот со Грција го гарантира нашиот идентитет, нашиот јазик, нашата националност, и затоа направивме компромис, рече премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев на трибината во Богданци која се одржа во рамки на кампањата „Излези за европска Македонија“.
Зборувајќи за придобивките за Договорот со Грција, премиерот Заев истакна дека факт е оти од историска Македонија ние сме северниот дел и дека Грција го призна македонскиот народ и македонскиот јазик и дека со него ги остваруваме вечните аспирации на нашите предци.
- Од овој Договор никој не изгуби, туку добиваат и двете страни. Верификацијата на нашиот идентитет и јазик е гарантирана со него и токму тоа овозможи јас да бидам првиот македонски премиер кој во Брисел зборувал на македонски јазик, истакна Заев.
.
ЕУ и НАТО, посочи Заев, ќе ни донесат поголеми плати, поголема вработеност, безбедност, инвестиции, подобро здравство, подобар стандард и подобар живот за сите нас. Премиерот истакна дека со НАТО конечно добиваме вечен, траен мир и никогаш повеќе да нема војна и затоа не смееме да ја пропуштиме оваа шанса. Ова, според него, е одлука за Македонија, а овој народ секогаш носел правилни одлуки.
- Богданци е мало место, но секогаш бил предвесник на важни одлуки. Се надевам дека и овој пат ќе биде така. Убеден сум дека на 30 септември ќе го зграпчиме моментот и заедно ќе ја утврдиме европската иднина на нашите деца и на нашата земја, истакна Заев и ги повика жителите од овој крај масовно уште во раните часови да го дадат својот глас „за“ на референдумот за нашата иднина.
Ново на Сител
-

Портокалова фаза утре, температури до 40 степени
-

Андоновски: Националниот дата центар ќе биде со мала инсталирана моќност и ќе служи исклучиво за потребите на државата
-

Ангелов: Состојбата со водата во Гостивар постепено се стабилизира, но се уште не е погодна за пиење и за готвење
-

ЦУК: До 18 часот регистрирани 18 пожари на отворено, четири се активни, два се под контрола, а 12 се изгаснати
-

Системот ЕЕС прави метеж и доцнења на летовите: Аеродромите принудени повремено да ги исклучуваат контролите
-

Град Скопје: Почна темелна реконструкција на еден од симболите на Скопје - подната фонтана повторно ќе блесне
-

МВР со детали: Загинатото момче со мотор во Радишани е на 19-годишна возраст
-

Тешко повреден 19-годишник откако татко му го турнал по скали
