Заев: Мене ми е драго што ДУИ ја заокружува етничката агенда и се врти кон граѓански теми
Премиерот Зоран Заев во денешната изјава за медиумите по увидот на изградбата на регионалниот пат Кавадарци-Дреново го оцени денеска како позитивно свртувањето на неговите коалициски партнери од ДУИ кон зелената агенда, посочувајќи дека тоа е знак за насочување на политичките субјекти во земјава кои се во интерес на сите граѓани, независно од етничката припадност.
„Многу е значајно кога политичарите излегуваат јавно со ветувања, затоа што нивниот збор потоа претставува обврска. Мене ми е драго што најголемата партија од албанскиот политички блок ја заокружува етничката агенда и се врти кон граѓански теми. Тоа што граѓаните го очекуваат од партиите на власт се подобрување на состојбите во економијата, во инфраструктурата, во животната средина“, рече Заев
Ново на Сител
-
Галевски: Овој тим на Алкалоид е составен да победува, нашите амбиции се највисоки
-
Канадски министер: Трамп и Карни ќе разговараат наредните денови за царините
-
Утре терестрично прскање против комарци на подрачјето на градот Скопје
-
Зеленски: Разговаравме за подготовки за нов состанок со Русија во Истанбул
-
Македонка повредена во сообраќајка на Алјаска откако со автомобил удриле во лос
-
ЦУК: Во пожарот кај тетовско Желино ангажирани два „ер трактори“
-
Две лица во Струга предизвикале пожар на градската депонија
-
Починат 55-годишен скопјанец однесен во ГОБ „8 Септември“, телото на обдукција