-->
-->
Заев: ЦО едногласно одлучи, СДСМ на избори на 24 април не учествува
-->

Социјалдемократскиот сојуз вечерва имаше плодна дебата и донесе едногласна одлука. СДСМ нема да учествува на изборите на 24-ти април, соопшти партијата.
Заклучоците коишто ги донел на Централниот одбор после дебатата се следните: Фер, регуларнии и демократски избори се императив, а не датумот на изборите. На Македонија не и требаат уште едни нерегуларни избори. Затоа менувањето на датумот на изборите не е желба на опозицијата, туку потреба за целосна имплементација на договорот од Пржино. Квалитетна и кредибилна проверка на Избирачкиот список не може да се направи за 40 дена а без кредибилен и веродостоен Избирачки список нема регуларани избори.
-Нема фер и демократски избори без соодветна регулација на медиумите и создавање фер медиумски простор за сите политички партии со навремен ефект пред изборите. За СДСМ неприфатливи се избори без навремено прочистен Избирачки список и без навремена регулација на медиумите. Затоа, на избори на 24-ти април СДСМ нема да учествува. Демократска Македонија инсистира договорот од Пржино да се исполни во целост затоа што не постои алтернатива на овој договор. Едностраната одлука на власта да го распушти Парламентот на 24-ти февруари и да оди на избори на 24-ти април, без претходно исполнети услови за фер, регуларни и демократски избори ја стави СДСМ пред одлука со две опции, да ги напушти државните институции или да даде шанса да се корегираат одлуките за датумот на изборите. Остануваме посветени, договорот од Пржино да се исполни во целост. Ние нема да бидеме причина за кршење на Договорот од Пржино. До пред распуштањето на Парламентот даваме шанса да се корегираат одлуките за датумот на изборите, за да може да се исполнат условите за
фер, демократски и регуларни избори преку навремено прочистување на Избирачкиот список и преку навремена регулација на медиумите, соопшти доцна вечерва лидерот на СДСМ Зоран Заев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано
-
Најмногу дожд во Охрид, Битола и Кавадарци
-
Рим со засилени безбедносни мерки за инаугурацијата на папата Лав Четиринаесетти
-
Тркалезна маса „Патот на Северна Македонија до ЕУ: Предизвици и можности во 2025“
-
Песков: Поддржуваме прекин на огнот, но со внимание на нијансите
-
Петиција во ЕП: Кошта да ја откаже посетата на Белград поради присуството на Вучиќ во Москва
-
Го купил пиштолот за 1.100 евра, отишол да се смират но по 15 мин го убил, детали за убиството во Штип
-
Макрон, Мерц, Стармер и Туск во Киев: Поддршка за Украина и повик за прекин на огнот