Заев: Ако имав конкретни докази за „Монструм“ ќе ги објавев до крај

Ако имаше конкретни докази верувајте, како секоја бомба така и таа бомба ќе ја објави до крај. Но, таму има сериозни индиции, и моја обврска пред се како граѓанин, а во тоа време и како шеф на опозицијата, е комплетно да ги предадам во институција на системот – Специјалното јавно обвинителство, изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратеничко прашање за тоа дали има докази што можат да го расветлат петкратното убиство кај Смилковско езеро познат како случај „Монструм“.
Пратеникот Зоран Илиоски го обвини Заев дека манипулира со чувствата на родителите на убиените момчиња, дека има морална одговорност да каже зошто го прави тоа и дали навистина има докази со кои ќе се расветли убиството кај Смилковското езеро.
Премиерот беше дециден дека доказите од почеток до крај и се друго што поседувал се доставени до СЈО и дека со нив е запознат и таткото на едно од убиените деца.
- Таткото на едно од убиените момчиња имаше можност заради тоа што се родители да види како осомниченото лице Фејзи Азири разговара со тогашниот градоначалник Невзат Бејта молејќи да му бидат исплатени субвенциите и тој тоа го виде, го видоа и сите и така е предадено. Ги виде дури и телефоните што наводно биле скриени. Зошто? Заради тоа што можеби немам право јавно да објавувам вакви податоци, но имам право на некој родител кој изгубил дете тоа да му го покажам, истакна Заев.
Родителите на убиените, како што рече, заслужуваат дополнителна истрага во овој случај бидејќи има и дополнителни докази што треба да се истражат.
- Нема никакво криење така што, апсолутно, поставувањето на ваквите прашања може да бидат само гол популизам, но транспарентноста во водењето на политиките на оваа Влада никој нема да успее да ги одврати. Колку и да е нешто болно, колку и да е нешто тешко, колку и да е нешто секојдневие во работењето, до крај граѓаните заслужуваат одговори и од оваа Влада ќе ги добијат сите можни одговори, посочи Заев. Рече дека не смее да си дозволи како политичар да биде истражител и обвинител.
Заев исто така кажа дека правото и правната држава е подобрена во државата, борбата со корупцијата е ефикасна и Владата продолжува да ја унапредува со уште поголеми ефекти.
- Од сите 22 случаи на убиства, почнувајќи од почетокот на 2017 година, иако оваа Влада е од 1 јуни 2017 година, ги наследија предметите новите структури на МВР и продолжија да ги работат, само две не се докрај откриени, а продолжува истрагата. Имавме такви случаи, јавно се објавени и транспарентно граѓаните тоа го знаат, рече премиерот.
Според него, прашањето е дали може да се откријат и извршителите на убиствата кај Смилковско езеро, да се расветлат до крај кумановските настани и смртта на новинарот Никола Младенов за што во јавноста има сериозен интерес.
- Прашањето е зошто некогаш претходната влада дури и криеше убиства, тоа го видоа сите граѓани ситем, кажа Заев на денешната седница за пратенички прашања.
Ново на Сител
-

Автомобил се судри со трактор на патот Градско – Прилеп
-

Хибридите и моторите со внатрешно согорување можат да останат: ЕК го намали целниот процент за нулта емисија до 2035-та
-

Кушнер се повлече од белградскиот проект „Трамп“ вреден 750 милиони евра; Вучиќ: Ова е многу лоша вест
-

Силни безбедносни гаранции од Европа и САД – услов за мировен договор, нагласи Зеленски
-

Детски психијатар од Хрватска злоставувал малолетни деца и им давал дрога
-

Песков: Русија сака мир, а не кратко примирје
-

Тешко повреден малолетник на „томос“ по направена сообраќајка
-

Благодарение на ЗХГ ќе нема огномет на новогодишната прослава на плоштадот во Скопје
