Заеднички вежби на германската војска и полиција
Германската армија заедно со припадници на специјалните полициски сили денеска одржуваат заеднички антитерористички вежби во 6 германски покраини, објави магазинот „Шпигел“.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, во вежбите наречени „Гетекс“, што се одржуваат во покраините Баден-Виртенберг, Баварија, Бремен, Северна Рајна Вестфалија, Сарланд и Шлезвиг Холштајн се вклучени вкупно 360 војници.
Според локалните медиуми, војниците и полицајците увежбуваат операции поврзани со можни сценарија како користење на автоматско оружје во населени места, закани за поставен експлозив, напади од страна на индивидуалци на училишта и трговски центри, експлозии на аеродроми или опасност од користење на камиони за напад на цивили во пешачки зони.
Целта на вежбата е да се подобри комуникацијата и координацијата меѓу полицијата и војската на Германија.
Според германските устав вооружените сили можат да се користат само за заштита од надворешни закани а во земјата можат да се употребат само во исклучителни ситуации на барање на федералната влада.
Ново на Сител
-
Репортери без граници: Северна Македонија на 36. место, најдобро рангирана меѓу државите од регионот
-
Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден
-
СПМ: Гласањето на 8 мај е пресудно за иднината на државата
-
Приведени двајца дилери од Кичево
-
Приведена 50-годишна жена за кражба во продавница во Гостивар
-
Вархеји му честиташе на Вучевиќ: Се радувам на соработката за пристапување на Србија во ЕУ
-
Белград: Годишнина од масовното убиство во „Рибникар“ | ВИДЕО
-
Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина