Задолжувањето од 530 милиони евра од ММФ на седница на Собранието
– Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да ја одржи 92. седница. На предложениот дневен ред се две точки.
Пратениците треба да ги разгледаат Предлог законот за задолжување на Република Северна Македонија кај Меѓународниот монетарен фонд со Кредитна линија за претпазливост и ликвидност и Предлог законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за градење ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување со јавните финансии, двата по скратена постапка.
Со кредитната линија за претпазливост и ликвидност од ММФ за поддршка на државниот Буџет треба да се обезбедат 530 милиони евра. Целта на кредитната линија е да обезбеди ефективна заштита од криза за оние земји членки на ММФ кои имаат здрави економски основи, односно политики.
За Проектот за градење ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување со јавните финансии, пак, се планирани 24,9 милиони евра, од кои заем од Светска банка во износ од 20 милиони евра и 4,9 милиони евра грант од ЕУ кој ќе се администрира преку СБ. Проектот ќе се имплементира преку Единица за управување со проектот, која ќе биде формирана во Министерството за финансии.
Ново на Сител
-
Осумдесетгодишна жена нападната од својот сосед
-
Кибер експерти на украинското МО ги хакирале серверите на руската Дума и Уставниот суд
-
Сити ги осуди расистичките навреди упатени кон Кајл Вокер
-
Намалена видливост поради магла кај патот Маврово - Маврови Анови и планинските превои Ѓавато и Плетвар
-
Трамп сака крај на војната во Украина и во Појасот Газа
-
Без струја утре дел од општините Центар и Карпош, без вода дел од Центар и Гази Баба
-
Полицијата влезе во Судски совет по наредба на ОЈО
-
Јермак: Украина се уште не е подготвена за преговори со Русија за завршување на војната