Забраната за возила до Средно Водно од следниот викенд

Најавената забрана за движење на возила на патот до Средно Водно ќе се воведе од следниот викенд. Одложувањето, како што денеска соопшти Град Скопје, е поради неповолните временски услови најавени за наредните денови и техничките прашања околу усогласување на регулативата.
Забраната ќе важи во еден правец, односно од клучката за Сопиште до Средно Водно и од паркингот кај манастирот „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно.
Забраната се планира да важи за време на викендите и за време на државните празници.
- Оваа забрана нема да се однесува на автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), возилата на полицијата, противпожарната бригада, итната медицинска помош, возилата на штабовите за итни интервенции, како и на возилата со посебни одобренија, велат од Град Скопје.
Со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните кои сакаат да се рекреираат на Водно, ќе бидат воведени две нови пробни автобуски линии што ќе сообраќаат по принципот на шатл-линии, односно, автобусите ќе се полнат со патници на почетната станица и ќе возат без застанување до Средно Водно. Едната автобуска линија ќе тргнува од пред катната гаража на улицата „Свети Кирил и Методиј“, а втората ќе тргнува од паркингот кај Цветниот пазар (Дом на печат).
Покрај овие нови пробни автобуски линии, граѓаните ќе можат да ги користат и двете постојни автобуски линии, односно линијата со број 25 до Средно Водно и линијата со број 28 до паркингот кај манастирот „Свети Пантелејмон“.
Воведувањето на забраната за движење моторни возила на патот до Средно Водно е дел од заложбите на Град Скопје за почист воздух и поздрава животна средина
Ново на Сител
-

Потресна приказна на македонско семејство кое живее во Шведска - 22 месеци без својата ќерка
-

Мицкоски: Коридорите 8 и 10 наш најголем приоритет, неделава тендер за гасоводот со Србија
-

ТФТ го загуби и вториот натпревар против Борац во баражот за АБА лигата
-

Алегри по поразот од Аталанта: Примивме гол уште од самиот почеток, а потоа се распаднавме
-

Герасимовски: Финансиска поддршка за санација на покриви и лифтови
-

Кос: Во ЕУ има место за сите земји од Западен Балкан
-

Георгиадис: Не постои апсолутно никаков страв од ширење на хантавирусот во Грција
-

Почнува судењето на 13 полицајци за пожарот во „Пулс“
