Живот
21. March 2018 - 13:08

За смртта на малата Кјара не се виновни крадци: "Умре поради мојата глупост! Ќе морам да живеам со тоа"

За смртта на 2-годишното девојче Кјара Мур од Кармартенишир во Велс, која во вторникот била пронајдена во потонат автомобил во студената река Тејфи, виновна е - нејзината мајка.

Имено, по деталната полициска истрага било откриено дека автомобилот на мајката, во кој било девојчето, никој не украл, туку мајката го паркирала на надолнина, па тој одвозел сам во реката.

25-годишната Кимберли Роуландс ја оставила својата ќерка и отишла до канцеларија. Неколку мигови подоцна се вратила, но нејзиниот нов автомобил повеќе не бил таму.

Несвесна дека автомобилот и одвозел до реката, во полиција пријавила кражба, а потоа објавила статус на Фејсбук.

"Ве молам побарајте го мојот автомобил, украден е додека мојата ќерка беше внатре. Ве молам, споделете ја оваа објава", напишала Роуландс.

По широката двочасовна потрага, девојчето и автомобилот биле извлечени од реката.

Кјара, која следната седмица требало да го прослави својот трети роденден, била пренесена во болница, каде починала.

"Моето прекрасно девојче вчера почина поради моја глупост. Целиот живот ќе морам да живеам со вината. Мама те сака девојче мое и многу ми е жал", напишала кратко по пронаоѓањето.