За прилепчани има огревно дрво, се намалува интересот, но останува дрвокрадството
Огревно дрво има доволно и навремено им се испорачува на домаќинствата, иако интересот се намалува овој реагенс да се користи за загревање на домот, велат од прилепската подружница на ЈП „Национални шуми“, „Црн Бор“ од Прилеп.
За оваа сезона, уште пролетоска, се запишани околу 600 прилепски домаќинства на кои им се испорачуваат 3 500 кубни метри дрва. На правни субјекти ќе им се испорачаат уште 6 000 кубни метри огревно дрво.
- Граѓаните не треба да стравуваат. Веќе 62 насто од запишаните количества се испорачани до домовите. Според динамиката, сите количества ќе се испорачаат до средината на октомври. Уште 6000 кубни метри им се испорачуваат на правните субјекти, вели Пецо Јовевски, раководител на прилепската подружница „Црн Бор на ЈП „национални шуми“.
Се намалува интересот за користење на огревното дрво како реагенс. Забележлива е преориентација на домаќинствата.
- Последниве години се намалува интересот, иако не драстично. Сега граѓаните се преориентираат кон други реагенси за загревање, електрична енергија, пелети. Традиционалните семејства уште инсистираат на огревно дрво. Без разлика, на сите заинтересирани им излегуваме во пресрет. Не може освен на оние кои сега, во последен момент, бараат огревно дрво, објаснува Јовевски.
Јовевски признава дека сѐ уште не може да се добие битката со дрвокрадците. Прилеп е меѓу првите во државава каде дрвократството е најголемо.
- Прилепскиот регион останува најнападнат од дрвокрадците. Има мерки, акции, но потребни се поригорозни и почести. Се нуди илегално дрво колку што ние плански годишно сечеме, а тоа се околу 10 000 кубни метри. Главниот товар е на шумската полиција, на граничната, на полицијата. Но мора да се бориме со овој огромен проблем, вели Јовевски.
Ново на Сител
-
Оглас за пракса и вработување во утринската програма на Сител ТВ
-
Мицкоски: Цените на производите се следат, ако има потреба ќе интервенираме
-
Пронајдена автоматска пушка при претрес на дом на тетовчанец
-
Фалсификувала билет и белгиски пасош за да патува до Истанбул, уапсена 32-годишна Турчинка
-
Приведен 40-годишен маж за тешка кражба
-
Тројца 20-годишници повредени откако со „пежо“ излетале на патот Охрид - Св. Наум
-
Продолжуваат преговорите за нова влада во Бугарија
-
Интервентна уапсила 50 годишен скопјанец утринава, кај него пронајдена марихуана