Македонија
23. February 2023 - 13:56

За недавање првенство на минување изречени 57 санкции

Во спроведената засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои не даваат првенство на минување на крстосница на територијата на Република Северна Македонија, санкционирани се 57 возачи во текот на вчерашниот ден во периодот од 09.00 до 13.00 часот.

Од нив, информираа денеска од МВР, 16 на територијата на СВР Тетово, 11 на територија на СВР Скопје... При контролата санкционирани се и 133 други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.