За една година уништена прашума со големина на Порторико
Во ноември беше достигнато највисокото ниво на уништување шуми во бразилска Амазонија откако во 2015 година почна да вршат такви мерења, покажуваат најновите податоци на бразилската Влада.
Во ноември беа уништени 563 квадратни километри од најголемата тропска шума во светот, што претставува зголемување за 103 проценти во однос на истиот месец минатата година, покажува истражувањето на Националниот институт за вселенски истражувања ИНПЕ. Со тоа, вкупното уништување на шумите во периодот од јануари до ноември достигна 8.934 квадратни километри, што е 83 проценти повеќе отколку во истиот период во 2018 година и станува збор за област со големина на Порторико.
Податоците на ИНПЕ се собрани преку базата на податоци ДЕТЕР, систем што објавува аларми заради пожари и други закани по тропските шуми.
Процесот на уништување на шумите обично се забавува во ноември и декември за време на сезоната на дождови во Амазон. Минатиот месец, стапката на уништување на шумите беше невообичаено висока.
Истражувачи и активисти за заштита на животната средина го обвинија десничарскиот бразилски претседател Жаир Болсонаро за охрабрување на земјоделците и дрвосечачите да ги палат шумите, објаснувајќи го тоа со поттикнување развој во Амазонија.
Ново на Сител
-
Случај „Крмзов“: 23 физички и 15 правни лица се гонети од Обвинителството за штета од околу 90 милиони евра
-
Уште две бисти украдени од гробиштата во Бутел
-
Малолетничка нападната од двајца мажи во Шуто Оризари
-
24-годишна девојка пронајдена почината во казино во Скопје
-
Млад мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Скопје
-
Кривична за две лица кои во соблекувална нападнале фудбалер од ОФК „Карбинци“
-
Герасимовски: Од Капиштец отпочнува караванот „Се гледаме во маало“ - заедно со центарци ја креираме новата програма
-
57-годишна битолчанка насилно силувана од сопругот