За 10 дена 800 барања за субвенции за велосипед
Над 800 барања за субвенција за купување велосипед поднеле до денеска жителите на Град Скопје од објавувањето на повикот.

Од Град Скопје ги повикува сите заинтересирани кои сакаат да набават нови велосипеди да достават барање за надомест на дел од трошците во согласност со утврдените правила и финансиските средства определени за реализација на оваа градска активност.
Средствата што ќе ги надоместува Градот се во износ од 50 проценти од цената на велосипедот, но не повеќе од 4.000 денари нето износ по лице. Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден прв услужен“.
Право на учество на овој јавен повик имаат жителите на Град Скопје кои треба да достават барање за надоместок, доказ за жителство во град Скопје, со доставување копија на важечка лична карта на барателот, копија од трансакциска сметка на барателот и доказ дека е извршено купување на нов велосипед и тоа со копија од фискална сметка или фактура и извод од деловна банка со дата од денот на објавување на повикот.
Барањето за искористување на правото за надоместок на дел од трошоците за купување велосипед, заедно со потребната документација, треба да се достави до Град Скопје бул.Илинден бр.82, во архивата, секој работен ден од 9:30 до 15 часот.
Од Градот информираат дека исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати пријави, се до исполнување на предвидениот буџет за оваа намена, кој изнесува 10 милиони денари, но не подоцна од 31 декември оваа година.
Ново на Сител
-

Се бара нов 48-часовен притвор за четворицата осомничени за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче
-

ДИК на седница усвои барање за акредитација за набљудувачи на изборите во Брвеница
-

Мицкоски: Граѓаните на Брвеница да гласаат за проект повеќе и подобар живот, а не за етнички поделби
-

Полицајци фалсификувале службен извештај за контрола на седум возила, но возачите тврдат дека никој не ги запрел
-

72-годишен Французин починал на Кадиохирургија во Скопје
-

Двајца малолетници нападнале и ограбиле 62-годишен маж во Тетово, едниот го повредил со остар предмет
-

Брнабиќ ја повика Студентската листа што поскоро да формира власт
-

Николоски: Автопатот Скопје-Блаце директно не поврзува со пристаништето во Бар
