Вучиќ: Местото на балканскиот регион е во ЕУ
Србија смета дека местото на целиот западен Балкан е во ЕУ, бидејќи без вклучување на регионот, заедничкиот економски и политички простор на европскиот континент нема да биде целосен, изјави денеска во Белград српскиот претседател Александар Вучиќ на средбата со еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан.
Како што јави Танјуг, Вучиќ притоа нагласил дека полноправното членство во Европската унија е главен надворшно-политички приоритет на Србија, додавајќи дека Белград го поздравува пристапот на ЕУ за оценување на напредокот на секоја земја кандидат за членство врз основа на индивидуалните заслуги.
Како што соопшти Кабинетот на Вучиќ, на средбата станало збор за европскиот пат на Србија, за состојбата во регионот и за дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Вучиќ во разговорот со Хан нагласил дека Србија смета оти регионалната соработка на западен Балкан е основен лост за продолжување на политиката на помирување во регионот и за забрзување на процесот за приклучивање на западнобалканските држави во ЕУ.
Српскиот претседател го информирал Хан и за неговиот повик за внатрешен дијалог во Србија околу Косово, при што еврокомесарот ваквата иницијатива ја оценил како одлична.
Хан за време на денешната еднодневна работна посета на Белград ќе се сретне и со српската премиерка Ана Брнабиќ, шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ и со министерката за европски интеграции Јадранка Јоксимовиќ.
Во пресрет на посетата на Белград Хан изјави дека Србија има цврста европска перспектива, која не е доведена во прашање, но дека брзината на одвивањето на пристапните преговори ќе зависи од темпото на спроведувањето на реформите, пред се во сферата на владеење на правото, како и од нормализацијата на односите со Косово.
Во изјава за белградскиот весник „Вечерње новости“, Хан оцени дека иницијативата на Вучиќ за започнување на внатрешен дијалог за Косово претставува „храбар и добредојден потег“.
Тој уште еднаш потенцира дека важен дел од преговорите за членство на Белград во ЕУ е и сеопфатната нормализација на односите меѓу Србија и Косово, која, според него, ќе придонесе за зачувување на мирот и стабилноста во регионот и ќе гарантира заштита на правата на сите граѓани.
Ново на Сител
-
На Неврохирургија првпат применета интраоперативна флуоресцентна видеоангиографија при хируршки третман на мозочна аневризма
-
Во Гостивар приведена 19-годишна турчинка, поседувала предмети со остатоци од марихуана и други наркотици | ФОТО
-
Приведен скопјанец, пренесувал мигранти од Непал
-
Ја украле бистата од гробот на Стале Попов проценета на 320.000 денари, побаран притвор за четири лица
-
Голема полициска акција во неколку градови, се апсат вмешани во „шумска мафија“
-
Северна Кореја ѝ дала на Русија оружје во вредност од 9,8 милијарди долари, а добила 1,2 милијарди долари
-
Во Берово утрово најстудено со еден степен, најтопло во Гевгелија со 16
-
Продолжува судењето за Онкологија 2