Балкан
7. October 2015 - 17:15

Вучиќ ја замоли Грција да не гласа за приемот на Косово во УНЕСКО

Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска телефонски разговараше со својот грчки колега Алексис Ципрас и побара од него Грција да не гласа за приемот на Косово во УНЕСКО, пренесе Танјуг.

Двајцата премиери разменија мислење за имигрантската криза и се согласија дека е неопходно почесто да ја усогласуваат својата политика за ова прашање.

Тема на разговорот беше и економската соработка меѓу двете земји.

Вучиќ го покани Ципрас да го посети Белград и двајцата се договорија посетата да се реализира во следните три до четири месеци.