Второто полугодие во Прилеп почна без проблеми

Второто полугодие во основните и средните училишта во Прилеп почна без проблеми, информираше прилепскиот градоначалник Марјан Ристески кој денеска присуствуваше на првиот училишен ден во прилепското основно училиште „Кире Гаврилоски“.
- Сите ученици навреме пристигнаа во училиштата, и во основните и во средните во градот и во населените места. Учениците кои користат превоз навреме стигнаа. За сите основни и средни училишта има обезбедено доволни количества нафта и огревно дрво до завршувањето на грејната сезона. Обврската за темелна дезинфекција во училишните објекти поради грипот и вирусните настинки е завршена, во соработка со Центарот за јавно здравје, така што во општина Прилеп без проблеми стартуваше второто полугодие од учебната 2016/2017 година. Ние, заедно со директорите на училиштата и со наставничкиот кадар, ќе настојуваме да нема никакви пропусти во одвивањето на наставно-образовниот процес, изјави Ристески.
Второто полугодие во Прилеп го почнаа над 14200 основци и средношколци. Двата дена од продолжениот зимски распуст учениците ќе треба да ги одработат во саботите, едниот ден во март, другиот во април за да се исполни вкупниот фонд од 180 наставни денови во учебната година.
Ново на Сител
-

Поради маглата на скопскиот аеродром откажани 20 лета, два пренасочени, слетале 13 авиони, исто толку полетале
-

Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
-

Руте: Путин е главната пречка за мирот во Украина
-

Без вода утре ул. „Драгиша Мишовиќ“ во Карпош
-

Почна зимата
-

Поради намалена видливост откажани се 20 летови на скопскиот аеродром, слетале само авионите од Дортмунд и од Виена
-

Песков: Не е планиран телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, ќе го организираме по потреба
-

Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка на патот Белград – Ниш
