Втор ден студентски протест во Тетово

На градскиот плоштад, улиците и пред двата универзитета во Тетово – Државниот тетовски универзитет и Универзитетот на Југоисточна Европа, втор ден протестираат студенти.
Во значително помал број од вчера тие ги повторија барањата за намалување на студентските такси, стоп за корупцијата, фер однос од професорите без купување книги за потпис и подобра оценка, подобрување на условите за студирање и слично.
Најавија дека доколку за седум дена надлежните не им ги исполнат, како што рекоа, конкретните барања и јавно да се произнесат за тоа, тие ќе ги радикализираат протестите. Се осврнаа и на вчерашните соопштенија од Министерството за образование и од двата универзитета.
- Нашиот акумулиран револт што избувна вчера од нас направи веднаш да се произнесат МОН, УТ и УЈИЕ. Но тоа не беше она што ние го баравме од вас. Ние сме доставиле конкретни барања што треба да се реализраат, а не да се коментираат од ваша страна. Ја спомнавте и мисијата што ја имаат универзитетите и тоа да бидат во служба на студентите, а не на политиката и политичките кланови, на страна на прекршителите на нашита права, корупција и непотизам. Универзитетите се место каде треба да се образуваме со знаење, а не приватни фирми за збогатување на семејства, кланови и поединци, порачаа студентите што втор ден протестираа во Тетово.
Најавија дека во следните седум дена, односно до крајниот рок од нивниот ултиматум, ќе протестираат мирно како и досега – со собирање на плоштадот и со марш по булеварот „Илинденска“ до двата универзитета.
Ново на Сител
-

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Норис победник на трката во Бразил, титулата кај конструкторите за Мерцедес
-

Алкараз победник на Мастерсот 1000 Париз
-

Трамп: Америка со последните избори направи голем чекор назад во историјата
-

Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот во Краков
-

Три месеци ја демнел и ја уценувал со тајно направени експлицитни снимки ако не биде со него
-

Мајката му однела пакет во „Идризово“, затворските служби пронашле 171 таблета
-

Пијан 19-годишник нападнал полицаец во Гостивар, приведени уште две лица
