Втор ден од викенд забраната за движење
Во земјава денеска е втор ден од целосната забрана за движење во текот на викендот, што започна во петокот во 16 часот и ќе трае до утре до 5 часот. Ваквата мерка е воведена во обид да се намали ширењето на коронавирусот, кој до вчера однесе 34 животи и од него заболеа 760 лица.
Од забраната се изземени полицијата, армијата, здравствените работници, а таа не важи и за маркетите и рестораните кои се доставувачи на производи, како и за аптеките кои работат непречено.
Забраната како овој викенд, со која се инвестираме во сопственото, но и во колективното јавно здравје, според најавите, ќе важи и за време на претстојните верски празници.
Дежурни екипи на Државниот пазарен инспекторат вршат проверка на маркети кои работат дали имаат соодветни дозволи од кризните штабово во градовите.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува сите земјоделци кои не се евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС), а кои имаат потреба за извршување на земјоделски активности во деновите од викендот, телефонски да ги известат Општинските кризни штабови во местото на живеење каде ќе ја најават потребата од дневна земјоделска активност.
Ново на Сител
-
Детска болница Козле доби вода
-
Инвазија на Кратери во Скопје
-
Кривична против 17-годишник од Скопје, во продажен објект со остар предмет одзел пари од вработените
-
Од 1 септември учениците ќе имаат учебници по странски јазици
-
МЗ: Хоспитализација на деца наместо во Козле, времено во Детската клиника и на Инфективната клиника
-
ЦУК: Изгаснати 28 пожари, активен еден пожар во општина Василево
-
Од утре многу топло време, следната седмица над 40 степени
-
Сообраќајна несреќа на влез во Скопје, сообраќајот се пренасочува