Врнежите критични за пчеларството, добредојдени за земјоделските култури
Бранот врнежи што ја зафати земјава е добредојден за земјоделството зашто го надополни недостигот на влага во почвата, но „удри“ по пчеларството. Го оневозможи развојот на пчелните семејства кој е најинтезовен сега, сведувајќи го на минимум излегувањето на пчелите од пчелните сандаци и собирањето нектар.
Според агрометеоролозите, дождот можеби ќе ги одложи пролетната сеидба за неколку дена и полските работи на отворено, како расадувањето на тутунот, окопувањето, обработката меѓу редовите. Од друга страна, позитивно е што ќе ги наполни акумулациите зашто вода допрва ќе биде потребна, за наредниот период.
- Крајно неповолни се временски услови неделава за пчеларството. Четврта година по ред ова се случува. Развојот на пчелните семјества е најинтензивен сега, потребите од внесување нектар се многу големи, а можноста за излегување од сандаците и за внес на храна е сведена на минимум. Тоа не е добро за развојот на малите пчелки, вели агрометеорологот Ангелко Ангелески од УХМР.
Во Битолско, нагласува Ангелески, недостасуваше многу влага. Житните култури беа во критични фази, а сега има доволно и во површинскиот и во подлабоките слоеви. Почвата е обезбедена со вода. Исклучок е Овче Поле ако се земе предвид дека само 12 литри дожд измерила станицата во Штип што е малку.
- Бранот врнежи ќе трае до петок, по што следува стабилизација на времето. Тоа всушност е и потребно за следните фази од развојот на житата – опрашување и оплодување. Се очекува во Пелагонија успешно да завршат овие циклуси. Просечни приноси секако ќе има, нагласува Ангелески.
Ситуацијата во овоштарството е добра. Лошо ќе беше ако врнежите беа проследени со град и олуен ветер. Во таков случај, објаснува Ангелески, ќе страдаа раните сорти. И лозарството е во добра состојба штом нема град. Веќе почнува фазата на пуштање ластари.
Ново на Сител
-
ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП
-
Делови на Грција денеска се очекува да бидат зафатени од силно невреме
-
Честитка од Сиљановска-Давкова до американскиот претседател Бајден по повод Денот на независноста на САД
-
Сиљановска-Давкова на состанок со началникот на ГШ и министерот за одбрана
-
Пожари во Гевгелија и штипско Караорман
-
Приватните превозници во јавниот градски превоз во Скопје возат само до 10 часот
-
Именување на генерален секретар на Собранието и барања за апанажа од поранешни министри на Комисијата за прашања на изборите и именувањата
-
Изречени 117 санкционирани возачи во Скопје