Врие во Прешевската долина: Албанците бараат своја автономија

Албанците од јужна Србија ќе побараат формирање на „заедница на албански општини“, по примерот на Србите на Косово, јавија српските медиуми.
Одлуката за тоа ќе биде донесена во Прешево на Собранието на советници Албанци од Прешевската долина, кое е највисоко политичко тело на Албанците од Прешево, Бујановац и Медвеѓа.
Во меѓувреме, српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека намерите на албанските советници во Прешево да формираат задница на општините во јужна Србија како одговор на Заедницата на српските општини во Косово е политички несериозно и неодговорно однесување, јави Танјуг.
- Србија знае како да реагира со мурдост и разум, а кога треба да покаже сила таа умее да ја покаже, рече Вучиќ.
Тој нагласи дека на овој чекор треба да се реагира мошне мудро.
- Им отворивме породилиште во Прешево, тоа е нашата политика, ќе го сториме тоа и во Бујановац, ќе отвориме и факултет и училиште, рече Вучиќ и додаде дека ги смета Албанците за дел од Србија и оти Владата има свој Координативен орган за Прешево, Бујановац и Медвеѓе.
Ново на Сител
-

Обрадовиќ повеќе не е тренер на КК Црвена Звезда
-

Трамп го уверил Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие
-

Уапсен тетовец кај Фонтана во Градски парк, физички нападнал полицаец
-

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја
-

18-годишник со автомобил излетал од патот и тешко се повредил
-

Во летниковец на Средно Водно пронајдено безживотно тело на 64-годишен маж
-

Константин Филозоф – св. Кирил: 42 години живот и дело што се памети 12 века
-

Уапсен водич во автобус од Косово, пробал да подмити полицајци со 50 евра
