Времето носи нови изненадувања - подгответе се!
- Времето денеска ќе биде променливо облачно, рано изутрина и кон крајот на денот ќе има повремени врнежи од дожд. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен југозападен ветер, чиј правец кон крајот на денот ќе се промени во северен. Утринската температура ќе се движи од нула до шест степени, а дневната температура од четири до 13 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен југозападен ветер, чиј правец кон крајот на денот ќе се промени во северен.
Утринската температура ќе достигне до еден, а дневната до 10 степени.
Во четврток ќе има нов влажен и постуден бран со локални врнежи од дожд и снег и со опаѓање на дневните температури. Потоа следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а дневните повторно ќе бидат во пораст.
Ново на Сител
-
Трамп верува дека ќе биде постигнат мировен договор за Појасот Газа
-
Без струја утре дел од скопските населби Аеродром и Ѓорче Петров
-
Пад на инфлацијата во септември во однос на претходниот месец за 0,2 отсто
-
Без вода утре остануваат повеќе улици во општините Центар и Аеродром
-
ЈО: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово
-
Брутална тепачка во Виница, маж со скршен череп и во кома по пресметка пред ресторан
-
Пукање во Куманово, ранет кандидат за советник во Липково
-
Почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип на ризичните групи, набавени рекордни 80.000 дози