Вратена украдена кутија со златен накит во тетовско Боговиње
Кутијата со златен накит, одземена при тешка кражба пред неколку дена во тетовското село Боговиње, синоќа била вратена во дворот на домот од каде е украдена.
Како што информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, Ф.А. (43) половина час по полноќ пријавил во полиција дека во дворот ја пронашол кутијата со накит украдена ноќта меѓу изминатиот вторник и среда.
Според неговата пријава Ф.А. заедно со уште еден негов пријател се враќал дома кога во дворот ја забележал кутијата со накит вреден околу десет илјади евра. При полицискиот увид кутијата и накитот биле фотодокументирани и вратени на сопственикот.
При кражбата од пред четири ноќи заедно со кутијата со накит засега непознатите сторители одзеле и околу 4.100 евра, два рачни часовници од кои еден позлтен и нож кои не се вратени. Полицијата работи на расветлување на случајот посочи Јосифовски.
Ново на Сител
-
Нови руски напади со дронови врз Украина
-
Герасимовски за Сител: Нова градинка кај Клинички центар и дом за стари лица на Водно
-
Се интензивираат активностите на учесниците на Локалните избори 2025
-
21. „Бела ноќ“ во Скопје
-
Израелската Влада нареди запирање на офанзивните операции во Појасот Газа
-
Сообраќајот тековно, по влажни коловози
-
Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп
-
Променливо облачно со сончеви периоди, температурите од - 1 наутро до 15 преку ден