Враќање на Кариќ: Тајкунот во бегство подготвил милиони за купување на недвижности
Блиц - Белград
Богољуб Кариќ е многу упорен да започне бизнис во Србија. Овој бизнисмен во бегство, е заинтересиран да го врати имотот на „Астра банка“, кој државата му го одземала во 2001 година.
- Се враќам, сакам да работам, порача неодамна Кариќ кој побегна од Србија во 2006 година, по обвинението за малверзација во „Мобтел“.
Овој бизнисмен тогаш очигледно знаел што зборува, бидејќи веќе се вклучил во купување на имотот што Србија му го одземала пред 15 години.
Како потенцијален купувач не се појавува лично тој, туку Надежда Лазаревиќ, косопственик на објект во зградата на „Астра банка“ и актуелен член на Управниот одбор на „Фондацијата Кариќ“.
Агенцијата за обезбедување на депозити огласи продажба на имот во сопственост на „Астра банка“ и Лазаревиќ.
По почетна цена од 1,3 милиони евра, државата на продажба ја понуди зградата на банката во центарот на Белград од 639 метри квадратни, еден трособен стан и два четворособни стана во рамки на овој објект, како и 966 сефови. За нив заинтересирана е само Лазаревиќ.
- Таа е сопственик на еден стан во приземје, но го сака целиот имот кој се нуди на продажба. Како косопственик има право на предност за купување во однос на другите потенцијални купувачи, под услов на лицитацијата да понуди иста или повисока цена, вели извор за „Блиц“.
Кариќ ја сака оваа зграда во центар на Белград
Нашиот соговорник верува дека зад купувањето стои Кариќ, како и дека за тоа говорат деловните врски на Лазаревиќ со ова семејство. Потенцира и дека не се работи за евтин имот кој може секој да го купи, туку дека почетната цена е 1.000.000 евра, како и дека за учество на лицитацијата е потребен депозит од 131.000 евра.
„Астра банка“ е ликвидирана во 2001 година, кога гувернер беше Млаѓан Динкиќ. Ликвидацијата е прекината во 2008 година и покренат е стечај. Од тогаш ова е прв пат државата нејзиниот имот да го понуди на продажба.
А од Агенцијата за обезбедување на депозити за „Блиц“ потврдија дека постапката е во тек, како и дека Лазаревиќ има право на предност за купување.
Членовите на семејството Кариќ не сакаа да зборуваат на оваа тема, додека нивниот адвокат Милорад Пањевиќ ни рече дека нема актуелни информации.
Инаку на почетокот на годината семејството Кариќ пред Судот во Стразбур покренаа постапка за заштита на имотот во случајот со зградата на „Аероинжинеринг“.
Ново на Сител
-
Врховниот судија Георгиев и членот на совет на обвинители Мемети осомничени за поткуп - Георгиев фатен на дело
-
Љупчо Палевски Палчо пред судија на претходна постапка за мерката притвор
-
Изборен молк - Утре ќе се прегласува во 5 и 6 ИЕ за два пратеника
-
ССМ пресмета: Месечно потребни се над 1,000 евра за да се преживее
-
Земјоделците од Иловица и Штука блокираа пат поради откупната цена на младиот компир од само 15 денари
-
Хируршките сали не работат со денови - Бесија Иљази од токсикологија забрани изјави за новинари
-
ССЗ против намерата за припојување на болницата во Лешок кон Клиничката во Тетово
-
Полиција и куп инспектори влегоа во забавниот парк во Карпош