Вознемирувачко:Николета живее со џиновски тумор на лицето, сите ја избегнуваат, а операцијата може да ја убие
Николета Лезериј (28) од раѓање живее со огромен васкуларен тумор во окото. Бенигниот тумор постојано и крвари и се зголемува од ден на ден. Поради својот изглед Николета во селото живее како самотник, а мештаните ја исмеваат.
Таа живее во мало село на североистокот од Романија. Вели дека туморот во почетокот бил колку зрно пченка, и растел заедно со неа. Кога тргнала на училиште нејзините маки се зголемиле.
--Сфатив дека децата ме одбегнуваат и дека зјапаат во мене. Тогаш сфатив дека сум поразлична од другите, раскажува Николета.
Уште како девојче станала мета на малтретирање.
-На почетокот постојано се плашев, зошто стравував некој на училиште да не ме удри. Сега кога имам свои деца, никогаш не можам да одам до град, ниту на работа, дури ни во градинка или на родителски состанок. Секогаш морав да одам следниот ден, зошто родителите се гадат од мене и се плашат, вели очајната Николета.
Со желба поскоро да и се одреди дијагноза, родителите ја донеле на скенирање во локалната болница. Таму и рекле дека израстокот ќе продолжи да расте. Лекарите со претходна интеревенција можеле да го спречат растењето на туморот, но кога таа наполнила 18 години, туморот и покрил половина од лицето.
Лекарите планираат операција на израстокот, но прво мора да го смалат, за да се спречи големо губење на крв во текот на операцијата. Таа од селото на крајниот североисток од земјата, ќе мора да патува до Темишвар за да ја прими неопходната терапија.
Доктор Зорин вели дека не се осмелува да го отстрани туморот.
-Туморот е толку голем и ги оштетил крвните садоври, окото и вилицата. Ако само го засечеме овој тумор, Николета ќе умре од крварење, вели д-р Зорин, еден од лекарите во специјалистичкиот тим кој ќе се обиде да и помогне на Николета да живее како здрава жена.

Приказната за Николета ќе биде емитувана на каналот ТЛЦ во рамките на емисијата “Body bizarre”.
Ново на Сител
-
Поевтинуваат бензините и дизелот
-
Во спомен на младите загинати во пожарот во „Пулс“ започнува програмата „Лето во друштво“ во Кочани
-
Кривична против 34-годишен маж од Тетово, истепал едно лице и со нож му нанел убодни рани
-
14-годишно дете физички нападнато од група малолетници на трим патеката во Кисела Вода
-
Татко пријавил дека кавадарчанец вознемирувал и се заканувал на неговата малолетна ќерка
-
Мицкоски за изјавата дека УЧК имале праведна војна: Не може убиства од заседа да се праведна борба
-
На ГП Табановце се чека околу 30 минути, на ГП Богородица 20 минути, а на ГП Дојран 15 минути
-
Грета Тунберг и други активисти повторно ќе отпловат за Газа