Вознемирувачко: Наркоманка објави свои фотографии како изгледа дрогирана - Глетка од која се леди крвата во вените
Ова е приказна за мајка, која за да им помогне на другите, ги објавувала своите слики на Фејсбук, додека е во деликатна состојба на конзумирање дрога. Станува збор за Мелиса Ли Матор, која смета дека така ќе му покаже на светот колку тоа е лошо и погубно.
Друга причина за ваквото нејзино однесување е за на своите пријатели, исто така наркомани, да им сугерира да не земаат дрога, зошто ќе завршат како неа. Но пред се Мелиса смета дека светот мора да ги види овие работи, неврзани за причина.
„Ова е надвор од границите кои моиште зборови можат да опишат. Далеку е посурово, ве молам прочитајте и споделете со другите“, напиша Мелиса. А еве за кои фотографии станува збор.
Ќе ви се заледи крвата во вените. За жал, ова навистина е состојба на една жена на која и е потребна помош, и кога им сугерира на другите никогаш да не дојдат до овој стадиум.
-Вака изгледав, секојдневно со години. Таква ме гледаше мојот маж и моите ќерки исто така. Моето семејство и пријателите, сите ме гледаа ваква, а јас само во ретки прилики излегував од куќата. Бев болна и умирав. Бев на самото дно, од кое мислев дека никогаш нема да се подигнам. Не знаев за живот без конзумирање на дрога, сакав само да умрам, а не сфаќав дека се уште сум жива.
Овие фотографии ги спофелија 50.000 луѓе.
Мелиса вели дека е чиста година и пет месеци, се занимава со сободно пишување од овој тип и работи како социјален советник во Центарот за опоравување.
-Ако моментално сте активни и зависни, погледнете ги овие фотографии. Слики од мртвата мајка. Жена наркоманка која ноќтаја поминала во купатилото на под. Жена која секој цент би го потрошила на дрога и заборава дека има деца. Жена која не мисли дека некогаш ќе може да го најде патот, а потоа сепак го пронајде.
На фотографијата може да се види Мелиса некогаш и сега, а луѓето кои ја знаат нејзината приказна имаат само зборови на пофалба за оваа жена. Нејзините следбеници оставаат коментари каде и честитаат, ја храбрат и и пишуваат како Бог треба да ја благослови Мелиса.
Голема работа е кога некој својата несреќа и срам вака ќе ја објави за да им помогне на другите и да се обиде да им сугерира како да го најдат вистинскиот пат.
Ново на Сител
-
Приведен 44-годишен кумановец, се заканувал на полициски службеници и носел остар предмет
-
65-годишна жена измамена преку социјална мрежа за сума од 6.700 евра
-
До крајот на месецов треба да биде познато какви мерки би се донеле за зголемувањето на цените
-
68-годишник од Скопје измамен од женско лице за сума од 48.875 денари
-
Кривична против 49-годишник од Дебар, физички нападнал адвокат во судница
-
Муцунски и Лами ја потпишаа Декларација за стратешко партнерство
-
Приведен 32-годишник од Струга, при претрес во неговиот дом пронајдена е дрога
-
Акциска контрола во угостителски објект во тетовско, приведени сопственикот и пет странски државјанки