Вознемирувачко: Членови на банда ги убиле ривалите и ги испекле на скара

Честите немири во бразилските затвори добија нова ужасна димензија откако на интернет се појави снимка на која се гледаат затвореници како прават скара од човечко месо.
Ужасните сцени се снимени во затворот Алкакуз, кој се наоѓа на северот од Бразил, каде минатата недела дошло до немири, во текот на кои се убиени 26 затвореници.
Во прашање се судир меѓу две најголеми банди во Бразил - Ред команда, чие седиште е во Рио де Женеиро и Фрст капитал команда од Сао Паоло. На страотната снимка се гледаат припадници на Ред команд, кои тврдат дека подготвуваат скара од месото на своите убиени лути противници.
-Ова е само почеток. Платија - се слуша на снимката како еден од затворениците без заби, извикува додека мавта со мачета.
Неговиот другар за тоа време на подолг стап над оганот држи парчиња месо и прави скара.
Властите немирите во затворот Алкакуз ги смирија дури со ангажирањето на војската. Надлежните се трудат припадниците на завојуваните банди да ги раздвојат градејќи ѕидови од контејнери.
Двете банди повеќе од две децении го почитуваа примирјето и соработуваа во трговијата со дрога и оружје. Меѓутоа пред шест месеци Фрст капитал команд тргна да го потисне Ред команд од една од најпрофитабилните рути за трговија со дрога на северот од земјата.
Во прашање е маршрутите по кои кокаиниот од Перу и Колумбија низ Амазонија се префрла погоре кон север.
Бандата од Рио се здружи со помали групи и започна крвава пресметка на која не и се гледа крајот. Судирите се интензивирани на почетокот на 2017 година, а во нив до сега брутално се масакрирани 140 лица.
https://
Ново на Сител
-

Мелони: Договорот меѓу САД и Русија за дизелот е „многу ризичен избор“
-

Предлог - одлуката за продолжување на рокот за постоење кризна состојба за нафта и нафтени деривати помина на матичната комисија
-

Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, нема поместување ниту милиметар
-

Променливо облачно време во наредните денови, во петок слаб дожд и снег на планините
-

Запленети два тони храна од зелениот пазар во Ченто
-

Шумската полиција со засилени акции: Запленети над 500 кубни метри дрвна маса и поднесени 140 пријави
-

Излегувањето на Груби од куќен притвор поздравено со огномет, бакљи и петарди, тој се оградува: „Не го организирав јас“
-

Клековски наредната недела ќе има средба со повредените од пожарот во „Пулс“ за нивното понатамошно лекување


