Возеле со над 150 км/ч, а полицаец им „прогледал низ прсти“ – кривична пријава затоа што ги поштедил од казни од 300 евра

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до ОЈО ГОКК - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против К.С. поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,злоупотреба на службената положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“.
Пријавениот К.С., полициски службеник во Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово при СВР Тетово, на 02.02.2025 ги зторил делата со непостапување согласно законските овластувања и одредби. Имено, друг полициски службеник со радар измерил брзина на движење на две возила од 154 км/ч и 151 км/ч на место каде што дозволената брзина е 100 км/ч, по што го известил пријавениот за да ги запре возилата.
Откако ги стопирал возилата и ги идентификувал возачите, на едниот возач му издал писмено предупредување за сторен сообраќаен прекршок, а на другиот возач му издал прекршочен платен налог со записник за сторен сообраќаен прекршок со износ на глоба од 45 евра, наместо и во двата случаи на возачите на возилата да им издаде прекршочни платни налози со записници за сторен сообраќаен прекршок со глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност согласно одредба од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Со неизвршување на својата службена должност, К.С. им овозможил на сторителите на прекршоците да не бидат соодветно санкционирани и им овозможил корист, односно поповолна правна положба со избегнување на санкционирање.
Ново на Сител
-

Земале брзи кредити со туѓи податоци и направиле штета од над 12 милиони - Кривична за две кумановки и петмина банкари
-

РСБСП со апел до возачите за внимателно и безбедно возење за продолжениот викенд
-

Цените на нафтата пораснаа поради новите напади на Хутите врз Саудиска Арабија
-

Најмалку три лица загинаа во поплавите во јужна Франција, илјадници домаќинства без струја
-

Почнува амандманската расправа за Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот
-

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија
-

Киев повторно цел на ракетен напад, Трамп тврди дека мирот е близу
-

Променливо облачно со повремен локален дожд, особено попладне и во текот на ноќта
