Вонредните инспекциски надзори не констатирале загадување во Гази Баба

Државниот инсекторат за животна средина по добиените дојави и информации за испуштање на емисии во воздух во општина Гази Баба изврши неколку вонредни инспекциски надзори при што не констатира загадување.
- При извршениот инспекциски надзор во правниот субјект Макстил АД Скопје на 15 август е констатирано дека погонот Челичарница е ставен во производствен режим на 10 август. На барање на инспекторот презентирани се резултати од извршените мерења од нова, филтер постројка, како и од мерната станица поставена во кригот на детската градинка во населба Железара. Резултатите од измерените вредности на ПМ10 честички се во рамки на граничните вредности, соопшти Инспекторатот.
Дека нема видливи емисии во воздухот е констатирано и при визулениот надзор во кругот на поранешната Железара Скопје на 16 август.
На 20 август повторно е направен вонреден инспекциски надзор во кругот на поранешна железара при што се посетени сите инсталации кои подлежат под А интегрирана еколошка дозвола. Констатирано е дека Макстил АД Скопје не работи од 23:46 часот на 18 август. Побарано е да се приложат резултатите од дневните извештаи за амбиентален воздух од мерната станица во дворот на градинката за периодот од 1 август до 20 август годинава и е констатирано во записник дека за тој период нема надминување на дозволената концентрација на ПМ10.
- Дента согласно добиен и информации за испуштање на емисии во воздухот направен е вонреден инспекциски надзор во инсталацијата на субјектот Рад-Ком Скопје за топење набакар,лиење и производство набакарна жица при што не сенајдени траги однод работње напечката во последно време. Одговорното лице изјавило дека инсталацијата воопшто не е пуштена во производство со исклучок на 2014 година при постапката за добивање А-ИСКЗ дозволата, посочуваат од Инспекторатот.
Посетени биле и останатите правни субјекти кои подлежат под А-интегрирана еколошка дозвола при што било констатирано дека во моментот не работеле асфалтните бази на Улици и патишта и Бауер БГ ДОО Скопје, Скопски легури не работи од 2008 година, а работеле Елем енергетика, Технички гасови и Арцелор Митал, но не биле забележани видливи емисии во воздухот.
Единствено Инспекторатот констатирал зголемени емисии во воздухот на 11 мај годинава кога беше пријавен пожар во Макстил АД Скопје во погонот Челичарница во делот за старо железо. Пожарот настанал на 10 мај во 21:20 часот, а бил изгаснат на 11 мај во 22:00 часот. За овој настан на Макстил АД Скопје му е изречена прекршочна мерка со одлука за плаќање глоба во износ од 2.700 евра, која се намалува за 50 отсто доколку се плати во законскиот рок.
Ново на Сител
-

21-годишен скoпјaнeц привeден oткако со мотoцикл удрил во пoлициски службeник
-

Груби на 13 септември излегува од куќен притвор, нуди гаранција од 335.707 евра за укинување на дополнителната мерка на претпазливост
-

Мицкоски: Починати и иселени лица примале државна помош – откриени над 4.500 фиктивни корисници
-

77-гoдишен пeшaк починал откако бил удрен со патничко возило - возачот го напуштил местото
-

Камион со железни профили криел 79 килограми марихуана – разбиена меѓународна криминална група на Дојран
-

Радев: Два брода погодени со дронови во Црното Море, еден потона – екипажот исчезнат
-

Судијата Кацарска на меѓународна конференција во Црна Гора за европската интеграција, владеење на правото и ВИ во судството
-

МВР со засилени контроли: Ќе се казнува користење мобилен телефон додека се вози
